Кобајаши со прв триумф во СК, Крафт се изедначи со легендарниот Ахонен

93

Освојувачот на „Четирите скокалници“, Јапонецот Рују Кобајаши ја забележа првата победа оваа сезона во Светскиот куп откако скокна најдалеку на скокалницата „Малинка“ во Висла, Полска. Јапонецот имаше скокови од 131 и од 139,5 метри што беше доволно за 269,4 поени и победа.
Австриецот Штефан Крафт заврши втор, а тоа беше негов 108 подиум во СК изедначувајќи се со легендарниот фински ски-скокач Јане Ахонен на вечната листа. Трет заврши Германецот Андреас Велинген. Топ 5 ги заокружија словенечките скокачи Ловро Кос и Петер Превц.
Во петокот и во саботата двоен триумф на Словенецот Анже Ланишек.
Скокачите остануваат во Полска каде што следуваат натпреварите во Шцирк и Закопане со што се заокружува полскиот Тур оваа сезона.

ПретходноЛазаров со една промена во составот за дуелот со Германија
СледноМанчестер Ј. двапати водеше, Тотенхем извади реми (ВИДЕО)