СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Во моментов се игра мечот меѓу Македонија и Германија од 2.коло во групата А на ЕП 2024. Пред да почне дуелот во “Мерцедес Бенц Арената“ во Берлин, една убава фотографија на дело го “фати“ двете легенди, двете икони на ракометот Кирил Лазаров и Алфред Гисласон, селекторите на Македонија и Германија. Секако дека имаше што да си кажат, кога вакви ракометни фаци се во муабет тогаш јасно е дека истиот и тоа како е интересен.