Манчестер Ј. двапати водеше, Тотенхем извади реми (ВИДЕО)

105

Големото дерби на 21. коло на англиската Премиерлига меѓу екипите на Манчестер Ј. и Тотенхем донесе одличен фудбал, четири гола и реми. Иако фудбалерите на Манчестер Ј. двапати водеа, Тотенхем успеваше двапати да израмни и на крајот да се избори за важен бод на гостувањето на „Олд Трафорд“.

Домашните поведа многу рано, уште во 3. минута со голот на Хојлунд, но и Тотенхем не чекаше премногу пред да одговори. Во 19. минута Ришарлисон по асистенција на Поро успеа да го израмни резултатот на 1:1.

Домашните не се откажаа од нападите и на пет минути пред паузата, Рашфорд со еден прекрасен гол ги врати во предност од 2:1.

Само што тргна второто полувреме, Тотенхем повторно израмни. Овој пат Бентакур најде начин да го совлада онана и да ги постави конечните 2:2.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноКобајаши со прв триумф во СК, Крафт се изедначи со легендарниот Ахонен
СледноСе врати на голема врата: Швајцарија и „скина“ бод на Франција!