И официјално Брера Струмица се засили со интернационалец од Нигерија. Неговото име е Ибрахим Олаосебикан, инаку играч за врска. Нигерицот доаѓа од Судува, тим од Литванија. Тој би требало да биде големо засилување за струмичани. Себикан има 23 години, а пред да биде член на Судува играл и за Хегелман, исто тим од Литванија и во клубови во својата Нигерија.