Во Холандија овој викенд продолжува фудбалот по четиринеделна пауза, а ПСВ продолжи таму каде што застана со 17-та победа во 17 кола, завршувајќи ја првата половина од сезоната со перфектни перформанси од 51 поен. ПСВ го совлада Екселзиор со 3-1 .
ПСВ има 13 бода повеќе (и натпревар повеќе) од второпласираниот Феенорд и незапирливо ита кон јубилејната 25-та титула на холандскиот шампион, а прва од 2018 година.
Со овие 17 последователни победи на почетокот на сезоната го израмни клупскиот рекорд, но и рекордот на холандската лига, кој го постави во сезоната 1987/88 која ја заврши со својата единствена титула европски првак.