Срцето на германската ракометна кралица ќе „чука„ за Македонија!

5110

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) во „Мерцедес Бенц Арена“ го игра вториот натпревар на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Германија, домаќинот на овој шампионат и еден од кандидатите за медал.

На ден пред оваа средба, „Sportbild“ излезе со интересен текст, истиот е посветен на Ања Алтхаус, која од овој шампионат е задолжена за медиа делот во националниот тим, исто така таа е автор на сето она што го гледаме на социјалните мрежи од интересни рилсови, видеа и секако фотографии. Ања сака да донесе една нова перспектива.

Па така денеска таа се најде во една поинаква и интересна ситуација: Германка  која ќе навива за Македонија.

„Германската ракометна кралица има функција во таборот на нашиот противник од ЕП“, вака е насловот на овој германски медиум, кој подоцна вели:  Убедливо најпознатата личност во составот на нашиот противник на ЕП е од Германција.

41-годишната Ања Алтхаус која играше за германската репрезентација денеска во Берлин ќе биде на спротивната страна, како менаџер за медиум во Македонија, нешто што ја прави Ања горда.

На коментарот дека денеска две срца чукаа во нејзините гради:

„Навистина се радувам на атмосферата во Берлин. Но, навистина е посебно да се биде на македонска страна и да се игра против Германија. Се разбира, како член на персоналот, јас сум 100 проценти за Македонија“.

Ања за овој медиум зборува и за нејзиниот претходен брак и за врската со Томи Јагуриноски, како и за сето она што е поврзано со Македонија.

„Го разбирам македонскиот јазик речиси 80%, но ако сакам подобро да ги разберам играчи, зборувам англиски“.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноМилвоки лесно со Вориорс, Далас тешко без Дончиќ
СледноПСВ ита кон титулата, израмни рекорд стар 36 години!