Толку беше од Бензема во Ал Итихад!

11849

Многу пари, на почеток изјави за долга “љубов“, но по се изгледа дека толку беше од Карим Бензема во Ал Итихад. Ако проблематичниот француски фудбалер мислеше дека некој ќе му даде 100 милиони евра нето годишно за да тој се зафркава во С. Арабија, е тогаш навистина се излажал. Ал Иитхад по се изгледа го избриша од својот список Бензема, односно тоа прво го направил стручниот штаб на овој тим ако се знае како играше Карим, како се однесуваше приватно, и како тоа на фановите на овој клуб едноставно им стана крајно неомилен.

Само да се потсетиме, Бензема е супер фудбалер, но ако во Реал беше во ред, тогаш што само правеше во селекцијата на Франција. Врв беше аферата со Валбуена. Затоа велиме дека е проблематичен…, ете сега тоа го знаат и во С. Арабија.

ПретходноAO: Синер без проблеми, Чилиќ непријатно изненади!
СледноЕкс-вардарецот со порака: Македонија е незгоден противник, на Германија нема да и биде лесно!