Играчот на Лестер, Абдул Исаку Фатаву го одби повикот на репрезентацијата на Гана за настап на Африканскиот куп на нациите затоа што сакал да се бори за своето место во екипата на „лисиците“ и со тоа да си заработи постојан договор.
Меѓутоа работите тргнаа наопаку, затоа што Фатаву на вчерашниот меч со Ковентри доби директен црвен картон и ќе ги пропушти сите натпревари на Лестер до 10 февруари.
Интересно, Африканскиот куп на нациите завршува на 11 февруари, па сега ќе разберете колку е малерозен Фатаву.
Leicester’s Abdul Fatawu sent off pic.twitter.com/QmET4N82km
— New Sheriff⚓ (@NewsheriffUtd) January 13, 2024