Карло Анчелоти се израмни со Зинедин Зидан по бројот на трофеи освоени на чело на Реал Мадрид. Синоќа Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп, победувајќи ја Барселона во финалето на турнирот (4:1).
За Анчелоти ова беше 11-ти трофеј како менаџер на Реал Мадрид. Италијанскиот стручњак со овој трофеј се изедначи со Зинедин Зидан, но се уште најтрофеен тренер во историјата на Реал Мадрид е Мигел Муњоз, под чие водство мадридскиот клуб освои 14 трофеи.
Покрај тоа, Анчелоти го надмина Зидан по бројот на натпревари како главен тренер на клубот. Италијанецот има 264 наспроти 263 на Зидан. Под водство на Анчелоти, Реал Мадрид победи 192 пати, ремизираше 34 пати и загуби 38 натпревари. Тоа значи дека актуелниот тренер на „кралевите“ има 20 победи повеќе од Зидан на клупата на славниот клуб.