И дефинитивно и официјално Нијаз Јусуфи не е веќе дел од Вардар. Она што се најавуваше во изминатите денови денеска е и официјално. Јусуфи својата кариера ја продолжува во Гостивар. Ова го потврдија и од таборот на “црвено – црните“ со објава на својот ФБ профил.
Секако дека Вардар му се заблагодарува на својот досегашен член за се она што тој во минатиот период додека го носеше “црвено -црниот“ дрес.
Од Вардар истакнуваат дека направиле големи напори да го задржат младиот офанзивен играч за врска, но сепак не успеале во тоа.
Во меѓувреме Гостивар веќе го промовираше Јусуфи каков член.