Дваесетгодишниот Ламине Камара е херојот во победата на Сенегал над Гамбија (видео)

88

Репрезентацијата на Сенегал, која ја брани титулата на Африканскиот куп, стартуваше со победа над Гамбија од 3:0. Резултатот го отвори играчот за врска на Марсеј, Папе Геје во 4. минута. Во финишот на првиот дел селекцијата на Гамбија остана со фудбалер помалку поради црвен картон на Адамс.
Во второто полувреме играчот за врска на Мец, Ламине Камара постигна два гола и заокружи убедлива победа во првото коло.
Во оваа група се уште Камерун и Гвинеја кои вечерва ќе играат меѓу себе.

ПретходноMaкедонското државно и знамето од Кутлеш забранети на Австралија Опен
СледноКастратовиќ и Грчевски ќе го предводат Ал Кадсија