Денеска на ЕП: Фарските Острови по нова сензација, седум селекции веќе се во втората фаза

187

Пред денешниот старт на последното трето коло по групи, веќе се познати седум репрезентации кои веќе обезбедија место во главната рунда на Европското првенство во ракомет. Тоа вчера го направија и Германија и Унгарија, откако претходно пласман во втората рунда заверија, Португалија, Данска, Шведска, Словенија и Холандија.

Другите селекции како Франција, Шпанија или Исланд и Хрватска, сепак, треба да го одработат и третото коло за да дојдат до место во следната фаза.

Попладнево во редовните термини стартуваат мечевите од последното трето коло во три групи. Најинтересно ќе биде во групата „Д“ каде селекцијата на Фарските Острови се надева дека со победа над Полска и пораз на Норвешка од Словенија може да направи сензационален пласман во следната фаза од првенството. Норвежаните по ремито со Фарските Острови денеска одат на победа над Словенија, која веќе ја обезбеди втората фаза.

Во останатите две групи ќе гледаме директни пресметки за првите места. Шведска против Холандија, односно Данска против Португалија ќе се борат за тоа кој ќе пренесе повеќе бодови во втората фаза на првенството. Останатите селекции ќе се борат за прв успех и достојно простување од првенството.

ПретходноМитревски: Моравме и можевме подобро! Игравме колку што ни дозволија!
СледноМујезиновиќ од Гостивар на позајмица во Вардар?