Израелски репрезентативец ќе биде депортиран од Турција поради оваа прослава на гол

184

Израелскиот фудбалер на Анталијаспор, Сагив Јехезкел е во притвор поради тоа што споделил порака за солидарност со Израел за време на натпреварот со Трабзон од Супер лигата. Крилниот играч претходно беше суспендиран од турскиот клуб поради про-израелската прослава на голот на неделното реми, а потоа е покрената истрага против него од страна на главниот јавен обвинител. Јехезкел сподели порака за солидарност со Израел со кревање рака во завој. Пораката се однесува на нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври и 100 дена од нападот на Израел врз Газа.

Полицијата соопшти дека играчот „предизвикал јавна омраза и непријателство“. Од клубот работат на раскинување на договорот со играчот, ФС на Турција покрена своја истрага, а денеска ситуацијата го достигна врвот.

Израелскиот министер за надворешни работи изјави дека Јехезкел ќе биде депортиран од Турција, не соопштувајќи повеќе детали.

Овој инцидент може да се претвори и во меѓународен затоа што почнаа и обвинувања на релација Турција-Израел.

ПретходноМајами оваа година ќе постави статуа на Двејн Вејд пред арената
СледноНема ново чудо од Ф. Острови, Чешка ја декласира Грција, БиХ со нов пораз!