Лазаревски лавовски се избори, а потоа му даде мангупски гол на Волф (ВИДЕО)

342

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Милан Лазаревски е еден од оние играчи кои дефинитивно ги добивме на ова Европско првенство. Македонскиот репрезентативец одлично ја извршува секоја зададена задача, а во него ја имаа онаа спортска дрскост и храброст. Ова го видовме и вчера против Германија.

Лазаревски повторно се најде во центарот на вниманието. Беше добро проигран од Томислав Јагуроноски, лавовски се избори за позиција меѓу Германците, а потоа мангупски го совлада Андреас Волф.

Овој потег се најде во центарот на вниманието на ЕХФ.


Македонската ракометна репрезентација беше совладана од домаќинот на ова ЕП со 34-25.

ПретходноСрамно: Германците им ги одземале знамињата со вергина на Македонците
Следно“Пеп е ГОАТ меѓу тренерите, засекогаш го промени фудбалот!“