Митревски: Моравме и можевме подобро! Игравме колку што ни дозволија!

152

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Зад македонската репрезентација е поразот од Германија, втор на ова Европското првенство. Крајниот исход не е изненадување, бидејќи нашите момци играа пред полна сала домашни фанови и против еден од кандидатите за освојување на медал на овој евро-шампионат.

Ако против Франција имавме причина да бидеме задоволни од одреден сегмент од играта, против Германија сликата беше поинаква. Во немоќ влеговме во германката машинерија, одбраната која требаше да функционира беспрекорно, беше под нивото, па токму затоа противникот лесно не разби.

„Беа помоќни од нас, демонстрираа сила, лесно не добија. Моравме и можевме да одиграме подобро, да влеземе повеќе во дуел. Уште на стартот не успеавме да го задржиме нивниот налет, многу лесно не добиваа во дуел, можеби и самите беа изненадени колку лесно го правеа тоа.

Толку ни е силата, одигравме толку колку што ни дозволија“, ни изјави по мечот капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски.

Следен натпревар, последен од групната фаза на ЕП е против Швајцарија.

„Швајцарија против Франција покажа дека имала лош ден. Останува да се подготвиме, нема што да загубиме, треба да одиграме уште еден натпревар. Ова ЕП требаше да уживање бидејќи е задоволство е да се игра пред оваа бројна публика, но многу лесно не разбија“, вели искусниот репрезентативен голман.

ПретходноДерби дуел за Начевски и Николов во Мајнхам
СледноДенеска на ЕП: Фарските Острови по нова сензација, седум селекции веќе се во втората фаза