Навивач на фудбалската репрезентација на Гана, наводно, бил уапсен затоа што го нападнал селекторот на репрезентацијата, Крис Хатон во хотелот на тимот во Абиџан. Четирикратниот африкански шампион претрпе шокантен пораз од 2-1 од Зеленортските Острови вчера во 1. коло од Африканскиот куп на нации.
На интернет, исто така, се појавија видеа на кои се гледаат навивачите во Абиџан како ја изразуваат својата фрустрација извикувајќи погрдни зборови кон играчите и стручниот штаб. По натпреварот, новинарот Садик Адамс тврдеше дека еден навивач го нападнал Хатон, но за среќа членови на репрезентацијата навреме го спречиле инцидентот.
Some angry Ghana 🇬🇭 fans tried to attack the team after the 2-1 defeat to Cape Verde on Sunday. @SaddickAdams also reported that one of the supporters was detained after an attack on the manager- Chris Hughton #AFCON2023 pic.twitter.com/BiqMgHa2ht
— Eric Njiru (@EricNjiiru) January 15, 2024