Нов шок за сите во Евертон. Имено и покрај тоа што му беа одеземни 10 бодови, денешните вести од Англија говорат дека тоа нема да биде се, туку поради прекршување на финансискиот фер-плеј, тимот од Ливерпул го чека нова казн, ново одземање на бодови само не се знае колку.
Иста судбина се чини дека ги чека и “шумарите“, односно тимот на Нотингем Форест. И двата клуба се обвинети од страна на челниците на Премиерлигата дека не успеале да го исполнат правилото на финансискиот фер-плеј.
Од друга страна сите се прашуваат што со Манчестер Сити и Челзи, какви казни можат да очекуваат овие два клуба.