СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Ден по поразот од Германија, самодовербата во редовите на македонската ракометна репрезентација не е загубена. Нашите момци веќе се исправени и секоја слободна минута во текот на денешниот ден ја искористија за подготовка за дуелот против Швајцарија, последен од групната фаза.
Шансата за радост и пред да почена шампионатот ја гледавме токму против оваа земја. Да, Швајцарија е фаворит бидејќи половина тим игра во Бундес-лигата, што пак не е случај кај нас.
Денеска сликата е поинаква од вчера, ракометарите во добра атмосфера го одработија денешниот тренинг и најавија поинакво издание од претходните два меча, и самите сакаат победнички да го завршат ова ЕП.