ОФИЦИЈАЛНО: Пепи Георгиев во нападот на Брегалница

252

Она што го најавивме пред два дена сега доби официјална потврда. Напаѓачот Пепи Георгиев се врати во Брегалница Штип, каде што беше од 2019 до 2020 година.
Штипските “сини“ и тоа како ќе добијат квалитет во нападот, ќе дојдат и головите, она што на тимот на стратегот Горан Здравков во есенскиот дел и тоа како му недостасуваше. Георгиев доаѓа од редовите на Гостивар и е второ засилување за штипската екипа по левиот бек Михаил Маневски кој исто така дојде од тимот на Гостивар.
Освен за Гостивар и Брегалница, Пепи играше за Теута (Албанија), Кожуф, Беласица, Силекс, Академија Пандев и Шкупи.

ПретходноТренерот на Сакраменто сакаше да го тепа судијата (ВИДЕО)
СледноАталан со победа на првиот меч на кормилото на Гостивар