СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
По завршување на секој натпреварувачки ден, ЕХФ ги прогласува најдобрите потези. Иако македонската ракометна репрезентација беше убедливо совладана од Германија со 25-34, сепак и на оваа средба, нашите момци имаа атрактивни потези.
Овој пат во Топ5 листата на европската „куќа на ракометот“ се најде Петар Атанасијевиќ. Неговиот погодок против Германија за 20-26 на средината на второто полувреме е петти најдобар.
Атанасијевиќ се најде во друштво на Алекс Душебаев, екс-вардарецот го има најдобриот гол, а во оваа листа имаше уште еден некогашен член на „црвено-црните“. Станува збор за Вуко Борозан.