Пех за Хрватска: ЕП 2024 заврши за Иван Мартиновиќ

298

По ремито со Австрија, Хрватите добија уште една непријатна вест денеска. Имено, по повредата здобиена на натпреварот со Австрија, хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ синоќа бил на прегледи во болницата во Манхајм, по што е констатирано дека за него ЕП заврши. Според првичните информации Мартиновиќ има посериозна повреда на рамото.

Мартиновиќ, кој е член на бундеслигашот Мелсунген, постигна осум гола во победата против Шпанија, а два против Австрија.

ПретходноАнчелоти се израмни со Зидан по бројот на освоени трофеи во Реал (М)
СледноПовредата е минато: Хансен се враќа за вечерашниот дуел со Португалија