Тренерот на Сакраменто сакаше да го тепа судијата (ВИДЕО)

172

Тренерот на НБА тимот Сакраменто, Мајк Браун, беше исклучен во четвртата четвртина од мечот со Милвоки, откако незадоволен од судиските одлуки, малку недостасуваше да го нападне едниот од судиите на мечот. Еден од кошаркарите на Сакраменто го задржа настрана за да не се случи поголем инцидент.

По натпреварот, тој  го донесе својот лаптоп на прес-конференцијата за да им ги покаже на новинарите грешките на судиите кои ја предизвикаа неговата емотивна реакција.

ПретходноЛазаров: Што било, поминало, мораме што побрзо да се средиме во главите
СледноОФИЦИЈАЛНО: Пепи Георгиев во нападот на Брегалница