Франко се врати во Аргентина, Вардар остана без лево крило

3013

Нема ништо од отстапницата на младиот Нахуел Франко од Брера во Вардар. Левото крило ги известил двата клуба дека од фамилијарни причини мора да се врати во родната земја и дека во Аргентина оди од две причини. Нарушената здравствена состојба на неговиот татко но и тоа дека со неговата сопруга очекуваат принова.

Поранешниот фудбалер на Росарио пред 6 месеци пристигна во Брера а зимава струмичкиот клуб и Вардар се договорија за негова отстапница. Сепак то тоа нема да дојде а фудбалерот најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Аргентина.

По ваквиот расплет на настаните сега Вардар има право да се засили со уште еден странец а клубот е во финални преговори со Маријан Ристовски – Швајц од Силекс.

Претходно“Пеп е ГОАТ меѓу тренерите, засекогаш го промени фудбалот!“
СледноЧави по поразот од Реал: Ужас! Вака не треба да изгледа Барса!