Организаторот на Австралија опен има листа на забранетите знамиња на турнирот, а меѓу нив се македонското државно знаме и знамето од Кутлеш. Ова го објавуваат групите на Македонците во Австралија, но и каналот на австралиската државна телевизија, на македонски јазик.
Двете знамиња се најдоа на забранетата листа на турнирот во категорија со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван. Ниту едно знаме од споменатите не смее да се појави на натпреварите во Мелбурн.
Не е познато од кои причини е забрането македонското знаме на АО.
View this post on Instagram