Дерби дуел за Начевски и Николов во Мајнхам

465

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во Мајнхам. Нивната нова мисија на Европското првенство е пресметката меѓу бранителот на тронот, Шведска и Холандија.

Ова е меч од третото коло во групата Е, и воедно е дерби. И двете репрезентации стартуваа со две победи, па подобриот од оваа средба ќе патува во следната рунда со максимален скор. Мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Во истата група Грузија и БиХ ќе се одмерат силите во 18 часот, и двете селекции ги загубија сите шанси за главната рунда, ќе играат за прва победа и достојно збогување со овој еврошампионат.

ПретходноПетар Атанасијевиќ во друштво на Душебаев и Борозан (ВИДЕО)
СледноМитревски: Моравме и можевме подобро! Игравме колку што ни дозволија!