Крилниот фудбалер Зоран Даноски се враќа во Тиквеш. Искусниот фудбалер е без клуб од 1 јануари кога ја напушти босанска Звијезда 09, па одлучи да се врати во Македонија и тоа во кавадаречката екипа.
Даноски играше за Тиквеш во 2017 година инаку има и меѓународно искуство. Во Македонија освен за Тиквеш играше за Победа, Металург и Кожув, во Чешка за Баник, Чомутов и Прибрам, во Хрватска за Интер Запрешиќ, во Србија за Радник, Пролетер, Младост Лучани и Нови Пазар.