Мајами во текот на оваа година и официјално ќе ја постави статуата на легендата на тимот, Двејн Вејд. Станува збор за бронзената статуа на клупската легенда која ќе биде поставена пред домашната арена.
Клубот преку претседателот Пат Рајли ги објави плановите потенцирајќи дека скулпторите Омри Амрани и Оскар Леон ќе бидат ангажирани да ја создадат статуата.
Вејд, кој се пензионираше по сезоната 18-19, има неколку клупски рекорди во дресот на Мајами. По 16 години поминати во НБА, Двејн посвети 15 сезони на клубот од Флорида, со кој освои три шампионски титули, а еднаш беше и МВП на финалната серија во 2006 година.