Во одлучувачкиот меч за првото место во групата „Ф“ вечерва, Данска ќе биде посилна за својот најдобар ракометар Микел Хансен. Според данските медиуми, тој ќе се врати вечерва во тимот по повредата на малиот прст, поради која го пропушти мечот со Грција.
На тренингот вчера во Минхен, Николај Јакобсен ги имаше на располагање сите 19 играчи, па денеска ќе одлучи со кои ќе го започне решавачкиот меч со Португалците за првото место во групата. Јакобсен вчера на новинарите им открил само деека денеска ќе почне со 36-годишниот Никлас Ландин на голот, додека за другите дополнително ќе одлучи во текот на денот.