Кошаркаскиот клуб Кожув има ново име за вториот дел од сезоната. Како што денеска потврдија од гевгелискиот состав, ново засилување под обрачите за екипата на Кожув е 25-годишниот центар Леонид Тодоровски.
Тодоровски во Гевгелија се сели од екипата на Работнички, чиј дрес го носеше во првиот дел од сезоната. Претходно, Тодоровски има настапувано и за екипите на МЗТ Скопје, Куманово, Мзт Уни Банка и Академија ФМП.