Македонија со легендите во составот последен пат одигра тесно против Швајцарија!

719

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Македонија и Швајцарија имаат историја на меѓусебни пресметки. Истата почна во 2003 година, кога противникот ги запиша единствените две победи (24-31 и 34-30) против „црвено-жолтите“.

По оваа година, македонската ракометна репрезентација има серија од шест триумфи. Дел од нив се убедливи, но последните на последните два меча од квалификациите за ЕП 2022 година, сликата почна да се менува.

Швајцарија ја добивме со 23-25 на гости во 2020 година, под водство на Данило Брестовац, а додека на реваншот во Скопје славевме со минимални 29-28, под „палката“ на Кирил Лазаров како селектор и играч.

Овој тесен резултат го запишавме со играчи во составот на Георгиевски, Миркуловски, Стоилов и Лазаров. Нашиот најефикасен играч беше токму сегашниот селектор со шест гола, исто колку Филип Кузмановски. На голот одличен беше Никола Митревски, кој имаше 16 одбрани и еден погодок. На другата страна Енди Шмид имаше осум погодоци.

Од сегашниот состав на Македонија, тогаш во комбинација беа: Томовски, Велковски, Талески, Ѓогиев, Костески, Пешевски и Маркоски.

Македонија и Швајцарија се борат за третото место во групата А, кое носи и пласман во првиот шешир за баражот за СП 2025.

ПретходноЗатоа е “специјален“: Мурињо само од откази си заработил 100 милиони евра!
СледноДинамо (З) подобар од Македонија ЃП на контролата во Ровињ