Сега веќе е и официјално. Рома има нов тренер, а тоа е Даниеле Де Роси, клупската легенда, големо име во фудбалот пред се во Италија, некогашен репрезентативец на својата земја.
Откако раководството на клубот од Рим утринава му врачи отказ на Жозе Мурињо, неколку часа подоцна го назначи Де Роси за свој нов стратег. Договорот ќе биде со важност до јуни. Тоа значи ако Де Роси се покаже, односно ако докаже дека е вистинското решение, тогаш ќе добие продолжување на договорот.