Против Швајцарија ќе ни судат Молдавци!

118

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Како што информираат од ЕХФ, за мечот меѓу Македонија и Швајцарија кој започнува од 18 часот во “Мерцедес-Бенц Арената“ во Берлин, одредени се судии од Молдавија. Станува збор за браќата близнаци Алексеј и Игор Ковалчук.

Познато е дека ако сака Македонија да заврши како трета во групата А на ова ЕУРО 2024, тогаш ќе мора да ја победи Швајцарија, сепак без разлика на резултатот, овој меч ќе биде последен на ова ЕП за избраниците на селекторот Кире Лазаров.

ПретходноВасоски и Силекс ќе се “тестираат“ со Брегалница, Тиквеш, Воска, Пелистер…(ФОТО)
СледноСлавија Прага ќе испрати понуда за Иван Николов