Тимот на Шкендија на челот со новиот стратег Јетон Беќири во текот на овие подготовки за пролетниот дел, си закажа шест пријателски или контролни мечеви. Познато е дека по традиција и оваа зима тетовските “црвено – црни“ главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Анталија (Турција) каде што ќе престојува од 27 јануари до 10 февруари.
Таму Шкендија ќе се тестира со Динамо Батуми (Грузија), Варта Познањ (Полска), Лиепаја (Летонија) и Динамо Киев (Украина). Секако дека токму гигантот од Киев ќе биде најсилниот ривал за момците на стратегот Беќири.
Пред да се замина за Анталија, Шкендија ќе одигра две контроли и тоа со Арсими (20 јануари) и Скопје (25 јануари).