Ѕверишта: Томовски и Кизиќ- Берлинскиот ѕид за Швајцарија (ВИДЕО)

642

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Мартин Томовски е нашата ѕвезда во Берлин вечерва. Вардаровиот голман застана од почетокот на мечот на мрежата на македонската репрезентација на местото на Никола Митревски, кој се повреди и ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Томовски влезе мотивирано, беше навистина берлински ѕид за противникот, едноставно блескаше. Во секој кризен момент знаеше да фати топка, беше лидер на серијата од 6-0 со која Македонија успеа да поведе со пет гола разлика. На крајот зад своето име запиша 12 одбрани.

А Македонија да победи заслуга има и Кизиќ, кој одбрани кога беше најпотребно и ние победивме 29:27.

ПретходноПобеда за крај на ЕП: Македонија си ја мачка Швајцарија кога сака и каде сака (ФОТО)
СледноСрбите со пораз од Црна Гора го завршија настапот на ЕП