Вардар донесе лево крило од Словенија

917
26-годишниот словенечки интернационалец Лука Шушњара е нов играч на ФК Вардар.
Попладнево од редовите на „црвено-црните“ го потврдија доаѓањето на левото крило, кое досега настапуваше во Валета од Малта.
Во досегашната кариера, Шушњара има настапувано за екипите на Домжале, Цеље, Мура, Копер, Табор Сежанa, Ролтек Доб (Словенија), Шамбли (Франција), Висла (Полска), Шибеник (Хрватска), Валета (Малта), како и за младиот тим на Аталанта од Бергамо.
Лука има настапувано и за младинските репрезентации на националната селекција на Словенија.
ПретходноТомовски е вистински ѕвер, Македонија на полувреме води со четири гола
СледноМакедонските фраери ги внесоа знамињата во “Мерцедес-Бенц Арената“! (ФОТО)