Весела математика: Што и треба на Македонија за прв шешир во бараж за СП

9236

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот натпревар на Европското првенство. За противник, избраниците на Кирил Лазаров ја имаат селекцијата на Швајцарија. Ова е последна шанса за нашите ракометари да дојдат до победа по двата порази од фаворитите во нашата група Франција и Германија.

Дуелот со Швајцарија има и посебно значење за Македонија во однос на баражот за Светското првенство 2025 година. Одлучува кој ќе се најде во првиот шешир пред ждрепката, а кој во вториот.

Што и треба на Македонија за да се најде во првиот шешир?

-Победа со еден гол, и вкупно 24 погодоци на оваа средба не става во групата на носители.

-Победа со повеќе од еден гол, исто така не носи во групата на носители.

-Ако победиме со еден гол, а постигнеме 22 гола или помалку, тогаш одиме во вториот шешир.

Во оваа весела математика има уште еден критериум, ако победиме со 23-22. Според него се гледа резултатот во групата против најдобриот противник. За Македонија може да биде Франција (-10) или Германија (-9). Во ова друштво е Грузија која има со Шведска (-16) и Холандија (-9).

Ако победиме 23-22 со Швајцарија, а Германија е подобро пласираната на крајот на првенството од Франција, а Холандија е подобро пласирана од Шведска тогаш ќе се одредува според фер плеј критериумот. А тој изгледа вака:

Подобар ќе биде тимот што ќе има помалку поени, а притоа:
Жолт Картон е 1 бод.
Две минути се 2 бода.
Ц. Картон е 8 бода.

Во моментов, сигурни членови на вториот шешир се следниве репрезентации:
Романија, БиХ, Ф. Острови и Грција. Во директни дуели се Швајцарија/Македонија, Србија/Црна Гора и опишаниот случај со Грузија.

ПретходноАО: Руне, Димитров, Руд со пласман во следното коло!
СледноГотово е: Рома со отказ за “Специјалниот“!