Влаховиќ и Киеза ја обезбедија победата на Јувентус над Сасуоло (видео)

269

Јувентус го совлада Сасуоло со 3:0 во меч од Серија А, а Душан Влаховиќ во првото полувреме постигна двата гола.Српскиот напаѓач го отвори резултатот во 15 минута со удар со левата нога од околу 20 метри.
Во 22 минута уште еден убав гол на Србинот, овојпат од слободен удар. Со тоа Влаховиќ стигна до девет гола сезонава во најсилната италијанска лига.
Во финишот на мечот по грешка на дефанзивците на Сасуоло, Федерико Киеза ја затресе мрежата на противникот за три бода за „Старата дама“.
Јувентус е втор на табелата со 49 бода од 20 меча, два помалку од лидерот Интер. Сасуоло е 14-ти со 19 бода.

ПретходноФранција го доби дербито со Германија, Шпанија во „аут“, комплетирани групите од главната фаза
СледноНамибија го „тушира“ Тунис за прва победа во историјата на Африканскиот куп (видео)