СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација денеска против Швајцарија ја затвара групната фаза на ЕП 2024 година. Овој натпревар ќе биде од големо значење за нашите момци, победа не носи во првиот шешир во баражот за СП 2025 година.
Противникот не е нималу наивен, за да се добие треба да се одигра храбро и борбено во одбраната. Техничките грешки мора да се сведат на минимум, и секако да се сопре нивното најсилно оружје во нападот.
Голманот на Швајцарија, Никола Портнер даде интересна изјава пред мечот.
„Ние не сме ракометна нација за нив, па би било срамно за нив доколку загубат од нас“, се првите зборови на Портнер, кој предупреди:
„Ако настапиме како против Франција, тие немаат шанси. Но, ако не играме концентрирано, лесно може да загубиме со десет гола разлика. Видовме колку се блиску рајот и пеколот“.