Македонија ЃП загуби со 4:1 на денешниот пријателски меч против Динамо Загреб одигран во Ровињ. Мечот беше од затворен тип, а победата на хрватскиот првак стигна во вториот дел.
По првите 45 минути резултатот беше нерешен, 1:1. Стрелци за Динамо беа Сандро Куленовиќ во 23. минута, Фран Бродиќ во 64. и 85. минута и Габриел Видовиќ во 82. минута, додека Љатифи го постигна единствениот гол за „лаовите“ во 32. минута.