Ембид се врати на терените со 41 поен (ВИДЕО)

54

Џоел Ембид се врати на терените по повредата на најдобар можен начин. Зад своето име запиша дабл-дабл од 41 поен и 10 скока, а Филаделфија славеше против Хјустон со 124:115.

ЛА лејкерс ја совладаа Оклахома сити со 112:105 и ја прекинаа мини-серијата од два порази по ред. Ентони Дејвис и Леброн Џејмс беа најефикасни кај Лејкерс, првиот постигна дабл-дабл од 27 поени и 15 скока, додека вториот запиша 25 поени. На другата страна Шеј Гилџес-Александер имаше 24 поени.

Резултати: Мемфис – Голден стејт 116:107, Кливленд – Чикаго 109:91, Бруклин – Мајами 95:96 (прод.), Торонто – Бостон 96:105, Јута – Индијана 132:105, ЛА Лејкерс – Оклахома сити 112:105.

ПретходноПогледнете ја реакцијата на таткото на Халанд откако Меси беше прогласен за најдобар
СледноАО: Руне, Димитров, Руд со пласман во следното коло!