Ивановски го засили Гостивар

1059

Еден од најдобрите играчи во ПМФЛ, Иван Ивановски го напушти Тиквеш и продолжува во Гостивар. Крилниот фудбалер имаше одлични настапи за кавадаречката екипа, а на полусезоната одлучи да ги смени клупските бои и да го засили Гостивар.
Ивановски играше уште за Силекс и за Звијезда од БиХ.
Пред Ивановски, Гостивар потпиша со Нијаз Јусуфи, Ертен Ерсу како и тренерот Исмаил Аталан. Притоа се ослободи од осум фудбалери.

ПретходноПрва победа на Европски првенства за Лазаров како селектор!
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Браво, конечно одигравме како што треба!