Италија бронзена на ЕП во ватерполо

142

Италијанската ватерполо репрезентација ја совлада Унгарија со 12:7 и го освои бронзениот медал на Европското првенство во Загреб.

Со оваа победа, италијанскиот тим го обезбеди првиот медал од континенталните шампионати од 2014 година.

Претходно селекцијата на Србија во борба за 7. место со 18:7 ја совлада селекцијата на Романија. Вечерва од 20:15 часот ќе се одигра и големото финале во кое во борба за златото се Шпанија и домачинот Хрватска.

ПретходноЗа СП 2034 Саудиска Арабија ќе гради стадион на карпа висока 200 метри! (ВИДЕО)
СледноТомовски е вистински ѕвер, Македонија на полувреме води со четири гола