СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Последен ден за Македонија на Европското првенство во Германија. Швајцарија е нашата виза за место во првиот шешир во баражот за пласман на Светското првенствп 2025 година, шанса за да ракометарите со кренати глави го напуштат во шампионат.
Иако не е Германија или Франција, сепак станува збор за селекција која има што да понуди, составот доволно говори за каков противник станува збор. Го има Енди Шмид најдобриот стрелец во Европската лига, како и Мануел Зендер кој е прв стрелец во Бундес-лигата, и како неверојатниот голман на европскиот првак на Магдебург, Портнер.
„Им ја препуштаме фаворитската улога. Ако одиграме фокусирано, можеме да се надеваме на нешто. Имаме доста да поправиме, први сме по технички грешки, ќе гледаме да го намалиме нивниот број. На моменти и противникот ве тера да грешите, ако грешиме помалку на поставена одбрана, мислам дека имаме шанса за позитивен резулта.
Швајцарија завчера против олимпискиот првак Франција го покажа тоа што го зборуваме цело време, дека е квалитетна репрезентација, 60 минути играа добро. Имаа големи амбиции, очекуваа победа над Германија во првото коло. Силен тим се со екстра индивидуалци, за Енди Шмид не треба да се трошат зборови, тука е Зендер, првиот стрелец на Бундеслигата, голманот на европскиот првак Магдебург, Портнер, имаат и други одлични играчи. Нè очекува тешка работа. Но, ако на некој меч имаме каква таква шанса за успех, тоа е секако овој“, изјави Кирил Лазаров пред мечот.
Најважно за предводникот на нашата селекција е момците да излезат со чисти глави зад себе да ги остават поразите и да се покажат во најдобро светло.
„Во ист хотел сме со Швајцарците, им го знаеме менталитетот, тие беа воодушевени од нашата игра со Франција, но секој ден е нов ден, ништо не се знае однапред. Видовте Хрватска победи со 10 гола разлика над Шпанија, па ремизираше со Австрија. Треба да излеземе на терен со чисти глави, да дадеме максимум и да се надеваме дека ќе победиме“.