Лазаров: Им реков – момци не е важна тактиката, само посакувајте ја победата повеќе од Швајцарците

367

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Македонскиот селектор, Кире Лазаров имаше причини за задоволство по победата над Швајцарија.
Им честитам на моите момци за одличната игра во сите 60 минути. Одигравме екстра квалитетен меч со многу борба, жар и многу желба за победа. Им реков на момците не е важно ни стратегија ни тактика, ништо, туку да ја посакуваме победата повеќе од Швајцарија. Така и беше. И Швајцарија покажа квалитет.

Задоволен сум и среќен од презентираното. Грешките ги сведовме на минимум, жал ми е што на претходните два меча не извлековме подобри резултати. Можеби од преголем респект од противниците. Но и ова е добро. Им се заблагодарувам на навивачите, на македонската јавност и медиумите, затоа што гледам колку еуфорично ги доживуваме победите и трагично поразите. Драго ми е за ракометна Македонија и за овие момци“, изјави Лазаров.

ПретходноСрбите со пораз од Црна Гора го завршија настапот на ЕП
СледноМакедонците покажаа како треба: “Големо е името, ќе сакаат да ни го земат“!