Леонид Тодоровски е ново засилување за Кожув

178

Кошаркаскиот клуб Кожув има ново име за вториот дел од сезоната. Како што денеска потврдија од гевгелискиот состав, ново засилување под обрачите за екипата на Кожув е 25-годишниот центар Леонид Тодоровски.

Тодоровски во Гевгелија се сели од екипата на Работнички, чиј дрес го носеше во првиот дел од сезоната. Претходно, Тодоровски има настапувано и за екипите на МЗТ Скопје, Куманово, Мзт Уни Банка и Академија ФМП.

ПретходноЈуниорките утре против Турција ги почнуваат зонските квалификации
СледноЗа СП 2034 Саудиска Арабија ќе гради стадион на карпа висока 200 метри! (ВИДЕО)