Шокантнп беше вчера да се прочита, а уште повеќе да се сфати како тоа македонското знаме да биде забрането на Австралија Опен. Сепак денеска смирувачки вести. Имено како што известуваат од МНР, забраната била по грешка и сега нашите знамиња може слободно да се најдат во рацете на фановите на гренслемот во Мелбурн.
Ова дошло по ненамерна грешка.
Македонското МНР реагирало преку амбасадата во Канбера. Се вели дека организаторот се извинил за овој пропуст и дека во иднина вакво нешто нема да се повтори.