СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Одбраната ќе биде клучот за денешниот исход против Швајцарија. Ако македонската ракометна репрезентација на ова Европско првенство има барем некоја шанса да се покаже во вистинско светло, тоа е против оваа селекција.
Последниот дуел за „црвено-жолтите“ значи и патоказ во кој шешир ќе се најдат во баражот за СП 2025 година. Капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски пред дуелот е јасен – сите ја посакуваат победата, но за тоа мора да се одигра на ниво, бидејќи Швајцарија е репрезентација која има играчи кои се носители на играта на своите тимови во Бундес-лигата.
„Мечот има резултатско значење со оглед на баражот за Светско првенство. Сакаме да победиме. Во првите две кола квалитетот беше на страна на ривлите, не можевме да изненадиме. Ќе излеземе на терен со намера да победиме. Ќе играме, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно.
Поголем дел од Швајцарците играат во Бундеслигата, тоа е најквалитетната лига во светот, знаеме дека нема да биде лесно. Имавме еден ден да се спремиме, да промениме нешто, па ќе видиме како ќе биде. Средбата почнува од 0-0, веруваме во себе, имаме квалитет, можеме да се носиме со нив повеќе отколку со првите два противници. За нас голманите потешко е да браниме контри или полуконтри отколку поставени напади. Затоа, ако нападот не функционира, ако ривалот трча контри и полуконтри и нас ни е потешко. Мислам дека не беше толку лошо кога игравме 6 на 6, колку што лошо беше враќањето назад и неспрелување на контри и полуконтри“, рече искусниот голман.
Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан со почеток во 18 часот.