Намибија го „тушира“ Тунис за прва победа во историјата на Африканскиот куп (видео)

193

Уште едно изненадување на Африканскиот куп на нациите. Репрезентацијата на Тунис е поразена во 1.коло и тоа од Намибија која патем ја запиша првата победа во историјата на Африканскиот куп.
Намибија победи со гол на напаѓачот на Орландо Пајратс, Дион Хото во 88 минута.
Намибија која е рангирана како 115-та на ФИФА листата го совлада Тунис кој е на 28-то место, трета највисоко пласирана африканска репрезентација.
Во истата група Мали со 2:0 ја совлада Јужна Африка. Јужноафриканците промашија пенал во 19.минута. Перси Тау го промаши целиот гол по ударот од белата точка. Момците од Мали дојдоа до победата со два гола во второто полувреме. Бекот на Сосиедад, Хамари Траоре го отвори резултатот во 60 минута, а шест минути подоцна точка стави напаѓачот на Оксер, Ласине Синајоко.

ПретходноВлаховиќ и Киеза ја обезбедија победата на Јувентус над Сасуоло (видео)
СледноОва се можните противници на Македонија во баражот за СП 2025