Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на годината од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на церемонија во Лондон. Во понеделникот во Лондон се одржа осмото издание на „The Best FIFA Football Awards“, а Меси, кој доби ист број поени како и Ерлинг Халанд, ја доби наградата бидејќи повеќе капитени на репрезентациите му дадоа максимални пет бода.
Најдобриот го избраа капитените на репрезентациите, селекторите, новинарите и навивачите. Меси ги остави зад себе Халанд, Килијан Мбапе и другите конкуренти и по осми пат стана најдобар играч на светот според ФИФА. Наградата ја доби и во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2022 година.
Да потсетиме, Меси, светскиот шампион со Аргентина, во октомври минатата година по осми пат во кариерата ја освои Златната топка, награда на Франс Фудбал за најдобар фудбалер во сезоната 2022/2023. Халанд тогаш исто така беше зад него. Норвешкиот напаѓач минатата сезона со Манчестер Сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот и УЕФА Суперкупот. На 53 натпревари, тој постигна 52 гола и постави девет од нив.
Поради сето ова се очекуваше наградата да ја добие и Халанд. На тоа се надеваше и таткото на Халанд, поранешниот фудбалер Алфи Халанд. Камерите ја снимија неговата реакција во моментот на прогласувањето на победникот.
Erling Haaland’s father still can’t believe that Lionel Messi won FIFA THE BEST twice, because of a world cup he won two years ago.😭 😭
I’m sorry football authorities failed your son sir😭pic.twitter.com/3MSASnVxb7
— CR7’s PR manager (@RONALDOthabeast) January 15, 2024