Прва победа на Европски првенства за Лазаров како селектор!

689

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Македонија по цели четири години конечно успеа да победи и на едно ЕП без Кире Лазаров како играч. Прва победа над европска селекција. Ова е и прва победа на Македонија со Лазаров како селектор. Секако дека имавме победи на минатото СП во “Президент Купот“.  Без разлика на се, ова е голем триумф, Македонија покажа дека има иднина во ракометот. Штета што имавме тешка група, Франција и Германија се пресилни за нас, тоа е реалност.

Но како игравме, како се однесувавме тогаш тоа е за пофалба. Можеби Пешевски со изјавата е во право, оваа Македонија заслужува голема поддршка, еве дојде и победата.

Што ли ќе беше ако имавме некој послаба група, е тоа никој не го знае.

Сега со ова трето место во групата најважно е што во баражот за СП ќе имаме далеку послаб ривал, ете шанса да го продолжиме континуитетот.

ПретходноТомовски: Не сум херој, тимската игра ги ифрли поединците во преден план!
СледноИвановски го засили Гостивар